Дома Фудбал Италија Маурисио Сари го менува Гатусо на клупата во Милан?

Маурисио Сари го менува Гатусо на клупата во Милан?

Маурисио Сари бе можел после само една година да ја напушти клупата на Челси.

Италијанскиот стручњак не е во добри односи со раководството на Челси, а тие наводно се спремни да му врачат отказ на крајот од сезоната.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Сепак, како што тврдат италијанските медиуми, Сари нема долго да чека за нова работа во случај да замине од Лондон, бидејќи веќе го контактирале од Милан.

Извршниот директор на клубот Иван Газидис отпатувал во Лондон и во наредните часови ќе направи разговор со Сари и ќе му понуди договор.

Спорт Медиасет тврди дека Росонерите ќе му понудат тригодишен договор вреден три милиони евра по сезона и се надева дека ќе го привлече назад во Италија.

Сари долги години успешно го водеше Наполи, беше близу до титулата, но на крајот не успеа да го сруши Јувентус.

Искусниот тренер на клупата на Милан би требало да го замени клупската легенда Џенаро Гатусо, кој веќе две сезони ги предводи Росонерите, но вистински резултати нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…