Дома Фудбал Англија Мата: Ќе се бориме до крај за второто место!

Мата: Ќе се бориме до крај за второто место!

Манчестер Јунајтед доживеа шокантен пораз на „Олд Трафорд“ од ВБА, па сега во прашање го доведе и второто место на табелата.

Играчот за врска на „црвените ѓаволи“ Хуан Мата истакна дека тимот треба што е можно побрзо да го заборави поразот и да им се врати на победите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Второто место се уште не е сигурно. Немаше да биде сигурно дури и при победа против Вест Бромвич. Знаеме дека треба да играме сериозни натпревари до самиот крај на првенството“.

„Сезоната е многу долга и треба да бидеме фокусирани до последниот меч. Сакаме да го зачуваме второто место и до одиме во финалето за ФА Купот. Треба да се обидеме да го освоиме тој трофеј“, изјави Мата.

Јунајтед игра против Тотенхем во полуфиналето на ФА Купот на 21 април, а пред тоа ќе се сретне со Борнмут во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Можеше тешко да го повреди Ван Дајк, а сега се огласи и се извини! (Видео)

Ливерпул ја совлада Њукасл со 3:2 на „Сент Џејмс Парк“ во второто коло од Премиер Лигата. …