Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Мартинез загрижен: Глуждот на Де Брујн не изгледа добро

Мартинез загрижен: Глуждот на Де Брујн не изгледа добро

Белгија вчера ја елиминираше Португалија од Европското првенство, но оваа селекција се соочува со проблеми за понатамошниот дел од турнирот.

Во натпреварот со Португалија со повреди се здобија, Еден Азар и Кевин Де Брујн. Посебно сериозна е ситуацијата со фудбалерот на Манчестер Сити.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Де Брујн заработи повреда на скочниот зглоб по еден дуел со Португалецот Палиња. Можеше да се забележи дека повредата не е наивна затоа што Палиња веднаш побара да биде заменет.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез најави дека ќе треба да се почека за да се види во каква ситуација е Де Брујн, но потенцираше дека неговиот зглоб не изгледал добро.

„По деталните прегледи ќе знаеме каква е ситуацијата, но неговиот глужд воопшто не изгледаше добро, ќе видиме. Засега немаме добиено никаква медицинска дијагноза“, изјави селекторот Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Кејн добил понуда која тешко се одбива, може да заработува два милиони евра неделно!

Голем клуб од Блискиот Исток подготвува фантастична понуда за да го ангажира англискиот на…