Дома Трансфер зона Мартинез го напушта Баерн и се враќа дома

Мартинез го напушта Баерн и се враќа дома

martinez

Хави Мартинез е блиску до заминување од Баерн Минхен.

Искусниот 30-годишен фудбалер веќе седум години го носи дресот на Баерн Минхен и изгледа дека е време за да се врати дома. Претседателот на Атлетик Билбао, Аитор Елизеги за „Мундо Депортиво“ изјави дека клубот без проблем ќе плати 20 милиони евра за Мартинез да се врати дома.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Можеме да платиме толку пари за Мартинез без никакви проблеми. Имаме капацитет да донесеме такви засилувања. Од економска страна нема проблеми, но за конечната одлука треба да се консултираме со директорите“, изјави првиот човек на Атлетик Билбао.

„Билбао е вистински рај. Се уште имам многу пријатели и не можам да не кажам дека би сакал да се вратам таму“, изјави Мартинез.

Шпанскиот фудбалер од 2006. до 2012. година играше за Атлелтик. Настапи во 251 натпревар и постигна 26 гола. Баерн во 2012. година плати 40 милиони евра, а за баварскиот гигант и покрај големите повреди настапи 208 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мудрик во јануари го напушта Челзи

Украинецот Михајло Мудрик во редовите на Челзи пристигна во 2023 година и од него очекувањ…