Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиал ги негираше шпекулациите дека сака да го напушти клубот и потврди дека ќе остане на „Олд Трафорд“.
Марсијал минатата сезона ја започна одлично, но оваа сезона добива многу мала минутажа кај Мурињо, па медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека Французинот наскоро ќе се пресели во ПСЖ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не верувајте на весниците. Во тоа нема ништо точно. Напред Јунајтед“, напиша Марсијал на Твитер, со што покажа дека неговата желба е да остане на „Олд Трафорд“.
Мрасиал пристигна на „Олд Трафорд“ во текот на летото на 2015-та за огромна сума, која може да достигне 58 милиони фунти и постигна 17 гола минатата сезона, но по доаѓањето на Мурињо неговиот статус во тимот драстично се промени.