Дома Актуелно Марота пристигна на преговори, Гркот го менува Бонучи?

Марота пристигна на преговори, Гркот го менува Бонучи?

0

Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите започнале и дека Јувентус наследникот на Леонардо Бонучи би можел да го пронајде во Рим.

После шокантниот трансфер на Леонардо Бонучи во Милан се појавија неколку шпекулации за тоа кој би можел да го наследи Италијанецот во Јувентус.

„Ле Република“ денес пренесува информации од состанокот кој бил одржан во хотелот „Реџина Балјони“ во италијанската престолнина. Состанокот го одржале генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота и спортскиот директор на Рома, Мончи, тема на разговорот бил дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.

Споменатиот извор пренесува дека Рома за Манолас барала сума од 40 милиони евра.

Гркот во Рома пристигна после Светското првенство во Бразил, а неговиот договор со „Волчицата“ има важност до 2019 година.

 

 

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Актуелно

Проверете

Виери искрен: Сега ни останаа само шпагетите…

Легендарниот напаѓач како и целата Италија е разочаран од неуспехот на „аѕурите“ во бараж …