Дома Фудбал Италија Марота: Миланското дерби беше одлична реклама за италијанскиот фудбал

Марота: Миланското дерби беше одлична реклама за италијанскиот фудбал

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота е задоволен од атрактивниот меч кој го одиграа екипите во миланското дерби.

Марота е разочаран што „нероаѕурите“ не успеаа да го совладаат Милан, но смета дека мечот бил одличен.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Би сакал да потенцирам дека ова дерби беше една убава реклама за италијанскиот фудбал. Мечот беше следен во живот од 150 земји во светот. Меѓутоа останува за нас разочарувањето дека не победивме. Сепак, тоа се должи на квалитетите на противникот“, изјави Марота.

„Милан многу создреа во последно време и е меѓу тимовите кои ќе имаат водечка улога во битката за Скудетото, заедно со нас. Ќе биде интересна битка до самиот крај“, додаде директорот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лука Модриќ ја скрати својата коса: Погледнете ја новата фризура (Видео)

Фудбалерот на Милан се шишаше пред натпреварот меѓу Хрватска и Фарски Острови, доверувајќи…