Извршниот директор на Интер, Бепе Марота потврди дека Симоне Инзаги ќе биде тренер на тимот и следната сезона.
Изминатите месеци многу се шпекулираше со иднината на Инзаги бидејќи не ги оправда очекувањата во Серија А, па медиумите тврдеа дека на лето ќе биде заменет.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Меѓутоа, после пласманот во финалето од Купот и откако е на чекор од пласман во финалето од ЛШ, сепак раководството се реши да му даде доверба.
„Инзаги ќе биде тренер на Интер и следната сезона. Ние не го оценуваме тренерот на база на еден натпревар, туку гледаме начинот на работа. Инзаги е добар тренер, оваа сезона освен битката за Скудетото, се друго е позитивно“, изјави Марота.
„Што се однесува до победата над Милан, среќен сум, но не во еуфорија, бидејќи знаеме дека има уште еден натпревар. Играме против силен тим и знаеме дека во фудбалот се е можно“.