Дома Фудбал Италија Маркизио: На Јувентус најдобро му дојде прекинот на првенството

Маркизио: На Јувентус најдобро му дојде прекинот на првенството

Бившиот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио верува дека прекинот на првенството ќе им одговара на „бјанконерите“ во борбата за титулата во Серија А.

Откако УЕФА го одложи Европското првенство јасно е дека националните првенства регуларно ќе се доиграат во мај и јуни, а Маркизио верува дека тогаш Јувентус ќе биде во предност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На 12 кола до крајот Јувентус има еден бод предност пред Лацио и 9 бода повеќе од Интер.

„Јуве има предност затоа што располага со широк состав, додека Интер и Лацио имаат пократки и помалку квалитетни клупи. Кога првенството ќе продолжи ќе се играат многу натпревари во краток период и тоа ќе му одговара на Јувентус“.

„Вистина е дека Лацио нема ангажман во европските натпреварувања и тоа може да биде во нивна полза, но Лацио беше во најдобра форма претходно и ова не им одговара“, истакна Маркизио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…