Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез неодамна ја освои осмата титула светски првак, односно шеста во МотоГП категоријата.
Следната цел, како што вели, е титула со Хонда во поредокот на конструктрите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сега е време да се борам за друга титула. Се уште е во тек борбата во конкуренција на конструктори и во тимска конкуренција. Со нетрпение ја чекам трката во Јапонија бидејќи е домашна трка за Хонда и навивачите се посебни.“ – изјави Маркез.
Шпанецот вози во неверојатна форма, а следната сезона за него ќе биде посебна од причина што може да го престигне Валентино Роси кога се во прашање светските титули. Да потсетиме, легендарниот Доктор за сега има девет.
Оваа сезона главниот ривал на Маркез за титулата беше Андреа Довициозо, кој моментално има дури 110 бода помалку од Шпанецот.