Дома Топ вести Марка: Сапуницата заврши. ПСЖ му соопшти на Реал колку бара за Мбапе

Марка: Сапуницата заврши. ПСЖ му соопшти на Реал колку бара за Мбапе

„Сапуница која трае со години привршува. ПСЖ се помири со губењето на Килијан Мбапе и формираше цена да го пушти во Реал.

Мајката на играчот Фаиза Ламари тоа го пренесе на раководството на Реал. Станува збор за 250 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оперативците на Реал веднаш почнаа преговори со ПСЖ да ја спуштат цената бидејќи го сакаат Мбапе, но не по толку висока цена.

„Сагата е навистина на крајот“
За тоа има две причини: договорот со ПСЖ му завршува за само 11 месеци, а освен тоа со сите сили сака да премине во Реал.

Двете од овие причини би морале значително да го намалат обештетувањето на Мбапе“, пишува Marca и повторува: „Крајот на сагата, односно трансферот на Мбапе во Реал е навистина блиску“.

Марка додава дека Реал има уште една огромна предност во преговорите со ПСЖ.

„Мбапе им кажа на раководството на двата клуба дека доколку не постигнат договор до 31 август, тој ќе остане во ПСЖ до следното лето, а потоа ќе се пресели во Реал без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…