Дома Фудбал „Марка“ открива зошто Модриќ остана во Реал

„Марка“ открива зошто Модриќ остана во Реал

Лука Модриќ одби неверојатна понуда од Саудиска Арабија и потпиша нов договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година.

Хрватот доби понуда од 200 милиони евра годишно за да се пресели во Саудиска Арабија, но сепак реши да остане во Реал Мадрид.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Модриќ никогаш не ја криел желбата да се пензионира во Реал Мадрид, а „Марка“ откри и други причини поради кои Модриќ решил да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

„Модриќ им е како татко на младите. Ќе дојдат важни натпревари на кои Лука ќе има што да покаже. Модриќ покажа дека е професионалец за разлика од некои други. Неговиот квалитет е препознатлив кај сите“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата на Рома назначен за нов тренер на Џенова

Фудбалскиот клуб Џенова го постави Даниеле Де Роси како нов предводник на стручниот штаб, …