Дома Фудбал „Марка“: Во Барселона се лути и разочарани од Дембеле, никогаш нема да се промени

„Марка“: Во Барселона се лути и разочарани од Дембеле, никогаш нема да се промени

Mладата ѕвезда на Барселона, Осман Дембеле ќе пропушти барем пет недели фудбал поради истегнувањето на задната ложа на левата нога.

Во Барселона се лути на Дембеле затоа што 22 годишниот Французин не ја пријавил повредата во медицинскиот тим на клубот.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тој почуствувал болка, но не сакал да каже на никого и продолжил со тренингот. После половина час застанал поради посилните болки, а повредата како што наводно порачале луѓето во Барселона можела да се спречи ако ги информирал на време.

Најлошо е што веднаш потоа отпатувал за Сенегал и во клубот не можеле да утврдат за што се работи. Поради ваквите и логично е да бидат лути на него. Го платија 125 милиони евра пред две лета на Борусија Дортмунд, а во Барса тој покажува голема доза на несериозност.

Ерик Абидал, директорот на Барселона и нивниот прославен играч одработил состанок со менаџерот на Дембеле, Муса Сисоко. „Марка“ јавува дека иразил големо разочарување од новиот аматески чин на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓокереш ги шокирал сите во Арсенал: Уште на првите тренинзи срушил рекорд од Премиер лигата!

Виктор Ѓокереш, новиот напаѓач на Арсенал, неделава стави потпис на договор со лондонскиот…