Дома Фудбал Италија Марадона стана почесен граѓанин на Неапол

Марадона стана почесен граѓанин на Неапол

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона го посети Неапол, за да ја одбележи прославата на Наполи на 30 годишнината од првата титула во италијанското првенство.

Токму Марадона го предводеше Наполи до првото Скудето во историјата освоено во 1987 година, а три години подоцна и до уште една титула шампион на Италија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Среќен сум што сум повторно тука. Неапол е мојот втор дом. Тука секогаш се чувствувам прекрасно“, рече Марадона на свеченоста во театарот Сан Карло.

Марадона во Наполи пристигна во 1984 година од Барселона и стана „фудбалски бог“, а тој статус го има и денеска во градот под Везув.

Марадона италијанскиот суд во 2005 година го осуди заради даночна измама, заради што судот пресуди дека мора да плати околу 38 милиони евра. Но, италијанското правосудство во ноември 2011 година целиот случај го врати на почетокот заради „процедурални грешки“.

Две години подоцна Марадона реши да поднесе противтужба, односно да бара компензација од италијанскиот суд. Бараше околу 50 милиони евра отштета за штетата што му е нанесена во последните 10 години. Во тужбата наведува дека во тој период ја загубил можноста да потпише неколку големи договори со италијански клубови кои го посакувале за тренер, но му бил забранет пристап во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…