Дома Фудбал Останато Манчини ја отфрли можноста да го наследи Вентура

Манчини ја отфрли можноста да го наследи Вентура

Отако Џампиеро Вентура заработи отказ на клупата на репрезентацијата на Италија неколку тренерски имиња се поврзуваа со клупата на „аѕурите“, а еден од нив беше и Роберто Манчини.

Сепак, тренерот на руски Зенит кој во четврток игра натпревар против Вардар во Лигата на Европа нема намера да седне на клупата на италијанската репрезентација.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Да бидам искрен не сум изненаден што моето име се поврзува со селекторското место на Италија. Но, јас сега сум среќен во Зенит и немам намера да го напуштам. Кога во прашање е репрезентацијата, како и сите Италијанци и јас очекував Италија да игра во Русија, но она што се случи е голем удар за италијанскиот фудбал“, изјави Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стигна од Барселона во Монако и веднаш им се „закани“ на противниците

Летниот трансфер период е активен во Барселона, а каталонскиот клуб одлучи една од своите …