Тренерот на Зенит, Роберто Манчини би можел да стане новиот менаџер на Вест Хем, откако Славен Билиќ заработи отказ поради лошиот старт на сезоната.
Сепак, изборот падна на Дејвид Мојес, некогашниот тренер на Евертон и Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на „Сан“, Манчини имал големи барања, и барал неверојатни 15 милиони фунти на годишно ниво.
Во тој случај би бил само под Гвардиола и Мурињо на листата, а пред менаџерите како Венгер, Клоп, Конте…
Со должна почит и освоената титула во Премиер лигата со Манчестер сити пред пет години, неговата работа не вреди толку пари, што сфатија во Вест Хем.