Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.




23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, а оваа сезона на 39 меча постигна 26 гола и запиша 15 асистенции.




„Црвените ѓаволи“ се во потрага по централен напаѓач за следната сезона, а Рангник смета дека Нукунку ќе биде идеален избор.




Конкуренцијата за неговиот потпис е огромна, а Лајпциг за неговата слобода бара 60 милиони евра.