Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен централен напаѓач, пренесуваат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Едисон Кавани на лето ќе го напушти клубот, Марсијал најверојатно ќе биде продаден кога ќе му заврши позајмицата, а клубот повеќе не смета на Мејсон Гринвуд.
Поради тоа клубот сака да донесе врвен напаѓач, а најголема желба е Хари Кејн од Тотенхем.
Не е тајна дека Маурисио Покетино од лето може да седне на клупата на „црвените ѓаволи“, а тој ќе инсистира да биде доведен Хари Кејн на „Олд Трафорд“.
Двајцата имаа одлична соработка во Тотенхем и Кејн е спремен да се пресели во Манчестер Јунајтед за повторно да работи со Аргентинецот.
Медиумите на Островот тврдат дека во моментов „црвените ѓаволи“ се фаворити за потписот на англискиот напаѓач.