Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спреми понуда за Роналдо

Манчестер Јунајтед спреми понуда за Роналдо

Кристиано Роналдо со стил го отвори Европското првенство и уште еднаш покажа дека за него годините се само бројка.

Неговата иднина во Јувентус е неизвесна и веќе подолго време се шпекулира дека ќе ја промени средината, а и „бјанконерите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го врати Роналдо на „Олд Трафорд“ и веќе работи на трансферот.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да му понудат 17 милиони фунти по сезона во следните три години.

Јувентус сака да се ослободи од Португалецот и е спремен да го пушти за сума од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Интер нема место за Видал: „Нероаѕурите“ сакаат да се ослободат од неговата плата

Чилеанецот Артуро Видал не е во плановите на Симоне Инзаги за наредната сезона во која Инт…