Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спреми „бомбастична“ понуда за Камавинга

Манчестер Јунајтед спреми „бомбастична“ понуда за Камавинга


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Манчестер Јунајтед има амбициозен план да го доведе талентираниот фудбалер на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга.

Тен Хаг на лето ќе има голем буџет за засилувања, а примарна цел ќе биде доведување на врвен играч за врска.

Поради тоа, прво име на списокот е Едуардо Камавинга, иако „црвените ѓаволи“ знаат дека ќе биде тешко да го убедат Реал да го пушти.

Се тврди дека раководството од „Олд Трафорд“ е спремно да испрати понуда од 130 милиони евра за младиот Французин.

Реал ќе биде на сериозно искушение со оваа понуда, бидејќи со таа сума ќе може да го доведе Џуд Белингам, кој е најголема желба  на „кралевите“.

Реал и Манчестер Јунајтед имаат одлична соработка и минатото лето „црвените ѓаволи“ го доведоа Каземиро на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Чистка“ во Арсенал: Пред заминување седум фудбалери, меѓу нив и најскапото засилување

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Според пишу…