Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед спрема конечна понуда за ангажжман на Софијан Амрабат.
Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина и веќе има договор со Манчестер Јунајтед, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тен Хаг по секоја цена го сака Амрабат во својот тим и после поразот од Тотенхем побарал да се забрза трансферот.
Фиорентина нема да го пушти Мароканецот за сума помала од 30 милиони евра, а Јунајтед спрема конечна понуда и според најавите е спремен да ја плати таа сума.