Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за крилниот фудбалер на Јуветус, Даглас Коста пренесуваат англиските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го засилат тимот во зимскиот преоден рок, после разочарувачкиот прв дел од сезоната. Даглас Коста е еден од приоритетите на раководството, кое веќе спремило понуда.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со доаѓањето на Кристиано Роналдо значително се намали минутажата на Бразилецот во Јувентус. Од почетокот на сезоната 28-годишниот фудбалер беше стартер само на 3 меча во Серија А.
Таквата ситуација воопшто не му се допаѓа на Даглас Коста, кој веќе почна да размислува за промена на средината.
Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација и веќе спремил богата понуда, како за играчот, така за Јувентус.
https://youtu.be/3IzddQyPcsM