Манчестер Јунајтед е последниот европски гигант кој се вклучи во трката по ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез, пренесуваат медиумите на Островот.
21-годишниот напаѓач блесна во дресот на Ривер Плата и заврши како најдобар стрелец во аргентинското првенство, па е на мета на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.
Алварез заврши најдобар стрелец во аргентинското првенство со 17 гола и 8 асистенции, а во договорот со Ривер има откупна клаузула од 25 милиони евра.
За Алварез веќе подолго време интерес покажуваат Милан и Барселона, но Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и да ја плати откупната клаузула во јануари.