Дома Топ вести Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Серхио Рамос

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Серхио Рамос

Манчестер Јунајтед изненадувачки се вклучи во трката за потписот на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, пренесуваат медиумите на Островот.

Договорот на 34-годишниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поради тоа, големи се шансите Рамос на лето да го напушти Реал како слободен агент, а европските гиганти веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

До сега Пари Сент Жермен се сметаше како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ наскоро ќе имаат состанок со неговиот агент и ќе му понудат двегодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…