Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед работи на трансферот на Санчо

Манчестер Јунајтед работи на трансферот на Санчо

Манчестер Јунајтед не се откажува од Џејдон Санчо и сака да го договори трансферот пред почетокот на ЕУРО 2021.

„Црвените ѓаволи“ не успаа да го донесат англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ ова лето, но и понатаму тој останува трансфер цел број еден.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Проблем беше цената од 120 милиони евра која Дортмунд ја бараше и не сакаше да попушти.

Медиумите на Островот тврдат дека Санчо веќе има договор со Манчестер Јунајтед и клубот е во постојан контакт со неговиот агент. Скоро невозможно е Англичанецот да се пресели на „Олд Трафорд“ во јануари, но клубот сака да го договори трансферот пред почетокот на ЕП.

„Црвените ѓаволи“ се плашат дека цената на Санчо би можела дополнително да порасне доколку покаже добри партии на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Арда Ѓулер

Ливерпул е спремен да плати 70 милиони евра за да го донесе Арда Ѓулер од Реал Мадрид во с…