Манчестер Јунајтед ги интензивирал преговорите за напаѓачот на Ајакс, Ентони, пренесуваат медиумите на Островот.




22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона постигна 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.




Тен Хаг одлично го познава и сака да го донесе на „Олд Трафорд“, а раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започна преговори со Ајакс.
Според информациите од Островот двата клуба се блиску до трансфер тежок 50 милиони евра.