Дома Топ вести Манчестер Јунајтед најде решение за проблемите во нападот

Манчестер Јунајтед најде решение за проблемите во нападот

Манчестер Јунајтед сака во зимскиот преоден рок да го засили нападот, а прва желба е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.

Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше и пропадна во последен момент.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и нема намера да ја продолжи соработката со Порто.

Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација и е спремен да плати 10 милиони евра за да го доведе Тереми во јануари.

Тен Хаг има проблем со реализацијата, Хојлунд не ги оправдува очекувањата, па сака искусен голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…