Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен централен напаѓач, независно кој ќе биде менаџер на „црвените ѓаволи“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јунајтед оваа сезона има проблем со реализацијата и откако пристигна Рангник само во три од 12 меча „црвените ѓаволи“ постигнале два или повеќе голови.
Едисон Кавани на лето ќе го напушти клубот, Марсијал најверојатно ќе биде продаден, а клубот повеќе не смета на Мејсон Гринвуд.
Поради тоа клубот сака да донесе врвен напаѓач, а раководството веќе направило список од четири големи имиња.
Прв на листата е Ерлинг Халанд за кого конкуренцијата е огромна, потоа Хари Кејн од Тотенхем, Лаутаро Мартинез од Интер и Калверт Лавин од Евертон.