Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед му го „украде“ директорот на Сити

Манчестер Јунајтед му го „украде“ директорот на Сити

Манчестер Јунајтед потврди дека нов извршен директор ќе биде Омар Берада, кој доаѓа од редовите на градскиот ривал.

46-годишниот Берада осум години помина во редовите на градскиот ривал и се смета за еден од најзаслужните за големите успеси на „граѓаните“ изминатите години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Клубот е решен да ги врати фудбалот и перформансите на теренот. Назначувањето на Омар го претставува првиот чекор на ова патување. Како еден од најискусните фудбалски директори во врвот на европскиот фудбал, Омар ќе донесе богатство на фудбалската и комерцијална експертиза, со докажано искуство за успешно лидерство и страст да помогне во водството на промените низ клубот“, се вели во клупското соопштение на Манчестер Јунајтед.

Зад овој потег, кој е изненадувачки, стои човекот кој купи 25% од акциите, сер Џим Ретклиф, кој е задолжен за фудбалски операции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал ангажира младинец на Тотенхем

Арсенал официјално го објави доведувањето на дефанзивецот од младинската репрезентација на…