Примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед следното лето ќе биде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите на Островот.




Договорот на Погба истекува на крајот на сезоната и се поголеми се шансите да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен агент.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој игра одлично во дресот на Лацио.
Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но и неговиот менаџер истакна дека СМС е спремен за трансфер во голем клуб.




Манчестер Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и за неговиот потпис ќе понуди 70 милиони евра, сума која се верува дека ќе ги задоволи апетитите на Лацио.




Интерес за СМС покажуваат уште Јувентус и ПСЖ, но Јунајтед веќе стапил во контакт со неговиот агент и работи на трансферот.