Дома Фудбал Манчестер Сити ја тужи Премиер лигата

Манчестер Сити ја тужи Премиер лигата

МАНЧЕСТЕР СИТИ покрена тужба против Премиер лигата поради, како што тврди англискиот шампион, неправедни и „дискриминаторски“ правила кои постојат само за да го намалат нивниот успех.

Адвокатите на Сити поднесоа тужба од 165 страници, а рочиштето ќе започне во понеделник и ќе трае две недели.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според англиските медиуми, тоа би можело да има огромна улога во процесот што се води против Манчестер Сити поради 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј на лигата, а расправата за тој процес започнува во ноември.

Сити во својата тужба тврди дека правилата, кои беа изгласани од нивните ривали, се „тиранија на мнозинството“, а тужбата е насочена кон правилата поврзани со спонзорските договори.

Во 2021 година, откако Саудијците го презедоа Њукасл, Премиер лигата им забрани на клубовите да зголемуваат спонзорски договори со компании во сопственост на нивните сопственици. Според овие правила, спонзорските договори мора да бидат во нормални рамки на пазарот, а токму тоа е еден од темелите на тужбата на Премиер лигата против Сити.

Манчестер Сити има четири огромни спонзорски договори со компании од Абу Даби, кои директно или индиректно се поврзани со Шеикот Мансур, сопственикот на клубот. Од 2009 до 2023 година, тие компании, тврдат од Премиер лигата, испумпувале огромни суми пари во клубот, кои биле претставени како спонзорски договор иако видно бил превисок.

Сити смета дека Премиер лигата не треба да ги ограничува спонзорските договори, туку спонзорите треба да можат да одлучат колку ќе инвестираат во некој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците ги избраа најдобрите во годината!

Фудбалерот на Бајерн Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во сост…