Дома Трансфер зона Манчестер Сити ја одреди цената на Габриел Жесус

Манчестер Сити ја одреди цената на Габриел Жесус

Раководството на Манчестер Сити ја одреди цената за напаѓачот Габриел Хесус. „Граѓаните“ им соопштиле на заинтересираните клубови дека Бразилецот може да си оди за 50 милиони евра.

Сити веќе ангажираше двајца играчи на неговата позиција – Ерлинг Халанд и Џулијан Алварез, па јасно е дека за Жесус повеќе нема место во тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Притоа, Бразилецот влезе во последната година од договорот и ова е последна шанса Сити да заработи од неговата продажба.

Во моментов најсериозен кандидат за 25-годишниот напаѓач е Арсенал, но интерес за Бразилецот покажуваат уште Челзи, Реал Мадрид и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…