
Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш и неговиот соиграч Коби Мејну нема да играат во петок против Њукасл, соопшти денеска тренерот на “црвените ѓаволи” Рубен Аморим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
– Бруно и Коби се опоравуваат. Не мислам дека ќе паузираат долго. Коби ќе се врати на теренот пред Бруно. Не сакам да кажам колку долго Бруно ќе отсутствува, имам идеја кога ќе се врати, но ајде да почекаме и да видиме – изјави Аморим на денешната прес-конференција.
Јунајтед во петок од 21 час го пречекува Њукасл во натпреварот од 18-то коло на Премиер лигата. Фернандеш оваа сезона е убедливо најдобар играч на “ѓаволите” со пет голови и седум асистенции во 17 натпревари.