Дома Фудбал Англија Манчестер Сити се подготвува за живот без Гвардиола

Манчестер Сити се подготвува за живот без Гвардиола

Раководството на Манчестер Сити веќе се подготвува за периодот по напуштање на менаџерот Пеп Гвардиола, пренесуваат медиумите на Островот.

„Граѓаните“ немаат намера да го отпуштат Шпанецот, и покрај слабиот почеток на сезоната и големото заостанување зад лидерот Ливерпул, но се загрижени дека самиот Гвардиола може да изрази желба да си замине.

Поранешниот тренер на Барселона и Баерн има договор до јуни 2021 година, но во ниту еден од двата тима не останува повеќе од 4 години – граница што ќе биде постигната во 2020 година.

Поради оваа причина, клубот започнал да бара лице за да влезе во штабот на Гвардиола со главно периферни функции, но да биде подготвен да го замени во секое време.

Наводно веќе започнале разговори со кандидатите, но до крајот на сезоната нема да се објавуваат имиња за да се задржи мирот во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Халанд не може да поверува каква “ѕверка” тренира во Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Халанд имаше само пофални зборови за младиот фудбалер на о…