Дома Фудбал Англија Манчестер Сити сепак ќе може да игра во ЛШ следната сезона

Манчестер Сити сепак ќе може да игра во ЛШ следната сезона

Правните експерти тврдат дека Манчестер Сити ќе може да ја избегне казната од УЕФА и наредната сезона ќе може да игра во Лигата на шампиони.

УЕФА во петокот поради кршење на Финансиски фер-плеј го казни Сити со двегодишна суспензија од европските натпреварувања и 30 милиони евра казна.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Сити веднаш испрати жалба до Спортскиот арбитражен суд и може да побара одлагање на казната додека целиот случај не добие судска разврска.

Доколку Сити побара одлагање на казната, спорот сигурно нема да биде решен до 27-ми август, кога ќе биде ждребот во Лигата на шампиони.

„Извесно е дека Сити ќе побара одлагање, би било несериозно да не го побараат тоа“, изјави спортскиот правник Џон Мерзад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид за Мбапе побарал помош од Зидан

Реал Мадрид се соочува со многу проблеми оваа сезона, но најмногу се истакнува ситуацијата…