Дома Фудбал Германија Мануел Ноер ќе сруши негативен рекорд во Бундеслигата

Мануел Ноер ќе сруши негативен рекорд во Бундеслигата

Maнуел Ноер без дилеми е еден од најдобрите голмани во светот во изминатите 10-тина години.

Одличниот чувар на мрежата на минхенски Баерн често правеше чуда на голот и ги спасуваше баварците. Меѓутоа оваа сезона во Бундеслигата Ноер прими повеќе голови отколку вообичаено и очигледно е дека Баерн има проблеми во дефанзивата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ноер од доаѓањето во Баерн во 2011 година од Шалке никогаш не примил повеќе од 32 голови во една сезона во Бундеслигата. Тој број на голови сега е изедначен после 23 натпревари оваа сезона.

Затоа извесно е дека до крајот на сезоната Ноер ќе го сруши негативниот рекорд по бројот на примени голови во дресот на Баерн, а можеби и во кариерата.

Најмногу голови Ноер во кариерата прими во сезоната 2010/2011 во дресот на Шалке кога првенството го заврши со 44 примени голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Еден фудбалер постигна четири гола: Македонските млади фудбалери ја прегазија Црна Гора!

Македонската кадетска репрезентација до 16 години славеше уште една победа против Црна Гор…