Откако големото слајве во Хрватска за освоеното сребро на Мундијалот во Русија малку се намали се огласи Здравко Мамиќ.
Првиот човек на загребски Динамо кој се наоѓа во Босна (Меѓугорје) поради процесот кој против него се води во Хрватска се огласи и потсети дека тој е еден од најзаслужните за огромниот успех на „коцкестите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Гледам дека никој мене не ме спомнува. Меѓутоа неспорно е дека ова е кулминација на нашиот успех преку базата која ја направивме. Па, јас како деца Модриќ, Ковачиќ, Ловрен и Чорлука ги доведов како беглаци од Босна и Херцеговина. Тоа се факти. Гледате, тие момци ги направив милионери. Им бев како татко. Меѓутоа, ништо…Сите на некого се заблагодаруваат. Мене никој ниту да ме спомне. Морам да бидам искрен и да кажам дека поединци не смеат да ме пофалат бидејќи би биле изложени на напад“, изјави Мамиќ.
Да потсетиме, судот во Хрватска донесе го осуди Мамиќ на шест ипол години затвроска казна.