Дома Трансфер зона Малкумина се како него: После Шпанија, Италија и Англија, Кркиќ се сели во Германија!

Малкумина се како него: После Шпанија, Италија и Англија, Кркиќ се сели во Германија!

Има малку фудбалери кои играле во четирити најсилни првенства во Европа, а со тоа ќе може да се пофали Бојан Кркиќ кој го комплетираше својот трансфер во Бундес лигата.

Кркиќ го напушти тимот на Стоук и во потрага по поголема минутажа се пресели во Мајнц, каде ќе биде на позајмица до крајот на сезоната. Притоа германскиот клуб ќе има можност на крајот на сезоната во целост да го откупи неговиот договор.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Со тоа шпанскиот интернационалец ќе заигра и во четвртото најквалитетно првенство во Европа, откако претходно настапуваше во Примера, Серија А и Премиер лигата.

Кркиќ потекнува од школата на Барселона каде играше и за првиот тим, потоа се пресели во Италија каде го носеше дресовите на Рома и Милан. Следуваше трансфер во Премиер лигата во тимот на Стоук, а сега ќе настапи и во Бундес лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја сака ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…