Бразилскиот фудбалер Малком изминатото лето од Бордо премина во Барселона, а во овој момент не е во плановите на тренерот Ернесто Валверде.
Малком изминатото лето веќе беше виден како играч на Рома, но во „5 до 12“ го промени мислењето и се одлучи за Барселона. Иако играше во предсезонските натпревари кога сезоната започна стана јасно дека Валверде не смета на него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот игра навистина малку од почетокот на сезоната, поголемиот број натпревари ги помина гледајќи ги од трибините.
Поради таквата ситуација денес во шпанските медиуми се појави вест дека Малком побарал барање за трансфер во јануари, односно сака да ја напушти Барселона.
Ваквите случувања го предизвикаа фудбалерот да се огласи преку својот Инстаграм профил.
„По повод сите гласини кои се појавија сакам да ви кажам нешто. Во Барселона дојдов со цел, а сите кои ме познаваат знаат дека сум посветен на остварување на истата. Задоволен сум како напредувам. Моето семејство одлично се чуствува во Барселона. Сакам само да ви кажам дека ќе се борам за моите соништа без разлика што ќе се случи“, порача Малком.