![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2018/07/lukas-naslovna07.03-801x491.jpg)
Малиот тригодишен, Лукас од Сао Паоло боледува од рак.
Поради тешката болест тој мора да биде во болница, а малиот херој од таму ги следи натпреварите на Мундијалот во Русија.
Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓
Заедно со Лукас е неговата мајка, Клаудија која во животот има само една желба, а тоа е нејзиниот син да биде здрав. Лукас е вистински навивач на Бразил.
Осминафиналниот натпревар против Мексико го следеше во дресот кој по никаква цена не сакаше да го соблече.
И Лукас има свои желби. Тоа е Бразил да го освои Светското првенство, но и неговиот миленик Нејмар да биде најдобар играч на турнирот.
Сликата од болницата како малиот херој не сака да пропушти ниту една минута од натпреварот и будно го следи секој потег на Нејмар сигурно е една од најтажните на овој Мундијал.