Директорот на Милан, Паоло Малдини, зборуваше за иднината на Анте Ребиќ и Златан Ибрахимовиќ.
Хрватскиот напаѓач е во одлична форма во 2020 година и синоќа против Фиорентина го постигна седмиот гол во оваа календарска година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ребиќ е на двегодишна позајмица, што значи дека сигурно ќе биде со нас и следната сезона. Потоа ќе видиме дали ќе успееме да се договориме со Ајнтрахт за негов откуп“, изјави Малдини, а потоа проговори за иднината на Ибра.
„Ибрахимовиќ потпиша договор на шест месеци, но има клаузула за автоматско продолжување доколку избориме пласман во ЛШ. Ако не успееме да се пласираме ќе седнеме и ќе разговараме, имаме одличен однос со него“, истакна Малдини.