Дома Фудбал Италија Малдини: Со новиот стадион Милан и Интер ќе се вратат во европската елита

Малдини: Со новиот стадион Милан и Интер ќе се вратат во европската елита

Легендата на Милан, Паоло Малдини смета дека е неопходино да биде изграден нов стадион за миланските гиганти да се вратат на европскиот врв.

Двата клуба ќе градат нов стадион на местото на „Сан Сиро“, каде што цели 95 години Милан и Интер испишуваа историја.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Милан и Интер имаат потреба од нов стадион ако сакаат да испишат нови страници во европската фудбалска историја.Не постои друга алтернатива, нема да се откажеме од минатото, но мора да гледаме напред“.

„Јас сум цврсто поврзан со „Сан Сиро“. Татко ми играше тука, јас играв на овој стадион, исто како и мојот син, ова е мојот дом. Ако зборуваме за спомени, кој би бил пооштетен од мене. Меѓутоа, со новиот стадион Милан и Интер ќе се вратат во европската елита“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Алегри веднаш ќе му каже ДА на Милан“

Легендарниот тренер Џовани Галеоне, кој му е ментор и многу близок пријател на Масимилиано…