Дома Топ вести Малдини започна преговори со Дибала

Малдини започна преговори со Дибала

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала на лето ќе биде слободен агент, па битката за неговиот потпис веќе започна.

Долго време се шпекулираше дека Дибала може кариерата да ја продолжи во Интер, но италијанските медиуми тврдат дека Аргентинецот преферира преселба во Милан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Последните информации се дека Малдини стапил во контакт со неговиот агент Антун за да ги дознае финансиските барања на Дибала.

Аргентинецот бара 7,5 милиони евра по сезона, додека „росонерите“ се спремни да му понудат 6,5 милиони. Разликата не е голема па двете страни можат да постигнат договор во наредните денови.

Милан во последно време има проблем со постигнување голови, па Малдини смета Дибала би бил идеално засилување за нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…