Дома Македонски спорт Македонските хокеари до прва победа на неофицијалното Светско првенство!

Македонските хокеари до прва победа на неофицијалното Светско првенство!

Македонската хокеарска репрезентација зема учество на неофицијалното Светско првенство за држави кои се без затворени хокеј арени во Фусен, Германија, а денес ја забележивме и првата победа.

Хокеарите во одличен натпревар ја победија Ирска со 9:6. Ирците на неколку пати се доближуваа до еден гол негатива, но сепак сепак не дозволивме противникот да го сврти резултатот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Вечерва не очекува натпревар против Андора, додека утре ќе играме против Португалија.

Македонија на овој турнир е претставувана од: Владимир Илиевски, Рок Шарлохар, Рок Симшич, Лука Урбас, Нејц Турк, Андреј Василев, Давор Атанасов, Стефан Децковски, Самуел Наумовски, Дмитрији Прокудин, Кристијан Ташевски, Петар Трпески и Бојан Василковски.

Тренер на репрезентацијата на Македонија е Ѓорги Грчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…