Фудбалската федерација на Македонија денес преку ждрепка ги одреди двојките за сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот шампион Шкендија одбраната на титулата ќе ја започне со дерби на гостински терен кај Академија Пандев. Вардар ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров.
Дебитантот во Првата лига, Струга Трим Љум ќе го пречека Работнички, а Борец ќе му гостува на Шкупи.
Прво коло на ПМФЛ:
Ренова – Силекс
Струга – Работнички
Шкупи – Борец
Вардар – Македонија ЃП
Академија Пандев – Шкендија
Сезоната во ПМФЛ почнува на 11 август, а завршува на 17 мај.