Дома Македонски спорт Македонија 2023-та ја завршува на истата позиција како и минатата година

Македонија 2023-та ја завршува на истата позиција како и минатата година

Светската фудбалска федерација – ФИФА ја објави и последната ранг листа за 2023 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентацијата на Македонија во овој последен месец од годината не играше натпревари, па така и не напредуваше во рангирањето.

Како и во ноември, останавме на 65-тата позиција. Токму оваа позиција е позицијата на која Македонија најчесто ја завршувала годината. Претходно тоа беше случај во 2009, 2020 и 2022 година.

Македонија следните натпревари ја очекуваат во март и во јуни и тие ќе бидат од пријателски карактер, а од септември ќе го стартуваме новото издание на Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Голман на Пелистер се пресели во Струга

Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име в…