Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија напредуваше едно место на октомвриската ФИФА ранг-листа

Македонија напредуваше едно место на октомвриската ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација на последните два меча забележа еден пораз и една победа, што беше доволно да напредува на ФИФА ранг листата.

Македонија сега е на 68-то место на ФИФА рангирањето со 1.344 бодови во октомвриската ФИФА ранг-листа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пред македонската селекција на листата, од 65. до 67. место се Словенија, Албанија и Обединетите арапски емирати. Од репрезентациите кои се во нашата квалификациски група за пласман на ЕП 2020, најдоброрангирана е Полска на 21. место додека Австрија е на 25-та позиција. 

На врвот на листата нема промени, Белгија останува лидер пред Франција, Бразил и Англија.

ТОП 10 листата ја комплетираат Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија, Аргентина и Колумбија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…