Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија напредуваше две места на ФИФА ранг листата

Македонија напредуваше две места на ФИФА ранг листата

Прогрес од две позиции на денешната ранг листа на ФИФА за нашата сениорска фудбалска селекција која според денешниот извештај на ФИФА е делба на 71-то место со Кина.

Македонската репрезентација напредуваше благодарение на падот од 11 места на Боливија и на Панама која назадуваше четири позиции.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од противниците на Македонија за пласман на ЕУРО 2020, напредок на листата бележат Словенија и Латвија, додека назадуваа Полска, Австрија и Израел.

Во Топ 10 само Белгија и Англија ги задржаа своите места. Белгијците се лидери пред Бразил и Франција. Бразилците ја минаа Франција благодарение на трофејот на Копа Америка.

Следуваат Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Колумбија, Шпанија и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…