Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија и после двата порази остана на 53. позиција на ФИБА ранг листата

Македонија и после двата порази остана на 53. позиција на ФИБА ранг листата

Сениорската репрезентација на Македонија во кошарка остана на 53. позиција на најновата ранг листа на ФИБА.

Македонија во двата квалификациски натпревари во февруари изгуби, прво од Естонија во Скопје, па од Русија на гост во Перм. Сепак и покрај тие порази ние ја задрживме 53. позиција на ранг листата.

Само во Европа ние сме на 29. Позиција помеѓу Белорусија и Романија со 187.6 поени.

На врвот нема промени САД е лидер пред Шпанија, Австралија, Аргентина и Србија која ја затвора најдобрата петка во светот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Кога Панчев влезе како Македонец и ги „реши“ Грците среде Атина! (ВИДЕО)

Многумина од вас сигурно ја знаат приказната за Дарко Панчев, а ние сега во недостаток на …