Дома Македонски спорт Македонија добро се држеше, но сепак Норвешка со победа си заминува од Скопје

Македонија добро се држеше, но сепак Норвешка со победа си заминува од Скопје

Женската репрезентација на Македонија и по пет одиграни кола остана без победа во ЕХФ Евро Купот. Днеес во Скопје фаворизираната Норвешка иако не допатува во најсилен состав сепак си замина со полн плен од 18:24.

И во овој изменет состав на Норвежанките има квалитет, а тоа беше покажано и на теренот. Гостите подобро го отворија натпреварот поведоа и со 5:9, ни е успеавме да се вратиме и во финишот од полувремето да намалиме, неколку пати доаѓавме и на „минус еден“, сепак не изедначивме. На полувреме Норвешка замина со 12:14.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Брзо на стартот од вториот дел со два гола на Јанеска дојдовме до изедначување на 14:14. Изедначено беше се до 16:17, а тогаш ни започнавме да правиме грешки, а Норвешка влезе во Серија со која го реши прашањето на победникот. Не можевме да се надеваме на повеќе затоаш то во последните десет минути од натпреварот Македонија не постигна гол.

Јована Мицевска собра дванаесет интервенции. Сара Ристовска даде три гола, сите три во првото полувреме. Кај Норвешка, Хелена Фауске стрела шест пати, пред Емилие Арнцен со пет гола од пет обида.

Во недела од 16:00 часот Македонија повторно ќе игра против Норвешка, но овој пат на гостински терен.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…